Политика за приватност
Последно ажурирање: Март 2026
ВОВЕД
Друштвото за советување, консалтинг и едукација ДОЛИЗА дооел Скопје, кое работи под комерцијалното ime Riskure Academy (во натамошниот текст: „ние", „нас", „наше"), е посветено на заштитата на вашата приватност и вашите лични податоци. Оваа Политика за приватност опишува кои податоци собираме, како ги користиме и како ги заштитуваме.
Со пристапување на нашата страница и/или со користење на нашите услуги, вие ги прифаќате условите на оваа Политика за приватност. Ве молиме внимателно да ја прочитате.
1. Кои податоци собираме и за која цел?
Кога ќе се регистрирате на нашата страница или купите курс, собираме лични податоци кои ни ги давате, вклучувајќи ime и презиме и е-пошта адреса. Дополнително, собираме технички податоци за уредот и начинот на користење на страницата со цел подобрување на корисничкото искуство.
Маркетинг преку е-пошта: Може да ви испраќаме е-пошти за нашите курсеви, услуги, ажурирања и промотивни понуди. Во секоја е-пошта ќе имате можност да се одјавите од мејлинг листата.
2. Kako ја добиваме вашата согласност?
Кога ни давате лични податоци заради регистрација или купување, подразбираме дека се согласувате со собирањето и користењето на тие податоци за наведената цел. Доколку бараме ваши податоци за секундарни цели, или ќе побараме изрична согласност, или ќе ви обезбедиме можност за одјавување.
Повлекување на согласноста: Согласноста може да ја повлечете во секое време со контактирање на: [email protected].
3. Откривање на податоци на трети страни
Вашите лични податоци може да ги откриеме на трети страни ако тоа го бара законот, судски налог или надлежен орган. Вашите податоци не ги продаваме на трети страни за комерцијални цели.
4. Плаќање и процесор за плаќање
За обработка на плаќањата ги користиме услугите на платформата Lemon Squeezy, специјализиран процесор за плаќање за дигитални производи. Платните трансакции се вршат преку безбедни, шифрирани канали во согласност со PCI-DSS стандардите (Payment Card Industry Data Security Standard).
Riskure Academy не чува и нема директен пристап до вашите податоци за платна картичка. Сите податоци за платни картички се обработуваат исклучиво преку Lemon Squeezy. Препорачуваме да ја прочитате Политиката за приватност на Lemon Squeezy за повеќе информации.
5. Услуги на трети страни
Давателите на услуги на трети страни кои ги користиме (како Lemon Squeezy за плаќање или Thinkific за управување со курсеви) собираат, користат и откривааат ваши податоци исклучиво во мера потребна за давање на нивните услуги. Овие даватели имаат свои политики за приватност и препорачуваме да ги прочитате.
Откако ќе ја напуштите нашата страница или ќе бидете пренасочени на страница на трета страна, вашето користење повеќе не е уредено со оваа Политика за приватност.
6. Безбедност на податоците
Преземаме разумни мерки и ги следиме индустриските стандарди за да ги заштитиме вашите лични податоци од загуба, злоупотреба, неовластен пристап, откривање, изменување или уништување.
Напоменуваме дека, и покрај сите преземени мерки, ниеден метод на пренос на податоци преку интернет не е 100% безбеден.
7. Колачиња (Cookies)
Нашата страница користи колачиња (cookies) заради подобрување на вашето корисничко искуство, следење на начинот на користење на страницата и персонализација на содржината. Колачињата може да ги контролирате преку поставките на вашиот веб-прелистувач.
Ги користиме колачињата за препознавање на вашиот уред, персонализација на искуството и мерење на учинокот на платформата. Имајте предвид дека не ги менуваме нашите практики за собирање податоци во одговор на сигналот „Не следи" (Do Not Track) од вашиот прелистувач.
8. Возрасна граница
Со користење на оваа страница потврдувате дека сте полнолетни во вашата земја, или дека сте родител/законски старател кој дава согласност вашите малолетни деца да ја користат оваа страница. Нашите услуги не се наменети за лица помлади од 18 години.
9. Измени на оваа Политика за приватност
Го задржуваме правото во секое време да ја изменеме оваа Политика за приватност. Промените стапуваат на сила веднаш по нивното објавување на страницата. Во случај на суштинска промена, ќе ве известиме преку страницата или е-пошта. Препорачуваме редовно да ја проверувате оваа страница.
10. Вашите права
Имате право да побарате увид во личните податоци кои ги чуваме за вас, нивна исправка, дополнување или бришење. Исто така, имате право да поднесете претставка до надлежниот орган за заштита на лични податоци.
За да ги остварите кое и да е од овие права, контактирајте не на: [email protected].
11. Контакт информации
За прашања, барања или поплаки во врска со оваа Политика за приватност, контактирајте не на:
Е-пошта: [email protected]
Веб-страница: riskureacademy.com
Адреса: Скопје, Република Северна Македонија