Услови за користење

Последно ажурирање: Март 2026

ПРЕГЛЕД

Оваа веб-страница ја управува и раководи друштвото за советување, консалтинг и едукација ДОЛИЗА дооел Скопје, кое работи под комерцијалното ime Riskure Academy (во натамошниот текст: „ние", „нас", „наше"). Riskure Academy ви нуди пристап до оваа веб-страница, вклучувајќи ги сите информации, алатки и дигитални образовни услуги достапни на страницата, под услов на прифаќање на сите услови, одредби и правила наведени овде.

Со пристапување на нашата веб-страница и/или со купување на нашите дигитални курсеви и услуги, вие ги прифаќате следните Услови за користење. Ве молиме внимателно да ги прочитате овие Услови пред да пристапите или да ги користите нашите услуги. Доколку не се согласувате со овие Услови, не сте овластени да ги користите нашите услуги.

Член 1 – Услови за користење на веб-страницата

Со прифаќање на овие Услови за користење, потврдувате дека сте полнолетни во вашата земја, или дека сте родител/законски старател кој дава согласност вашите малолетни деца да ја користат оваа страница.

Нашите услуги смеете да ги користите исклучиво за законски цели. Забрането е користење на нашите услуги за незаконски или неовластени намери, или кршење на законите во вашата надлежност, вклучувајќи ги законите за авторски права и заштита на лични податоци.

Прекршувањето на овие Услови ќе резултира со моментално укинување на вашиот пристап до услугите.

Член 2 – Општи услови

Го задржуваме правото да одбиеме пружање услуги на кого и да е, во кое и да е време и од кој и да е причина.

Се согласувате дека нема да репродуцирате, копирате, продавате, препродавате или експлоатирате кој и да е дел од нашите Услуги без изрична писмена дозвола.

Член 3 – Точност, целосност и навременост на информациите

Не сме одговорни доколку информациите достапни на оваа страница не се точни, целосни или ажурирани. Материјалот на страницата се обезбедува исклучиво за општи информативни цели. Го задржуваме правото во секое време да ја изменеме содржината на страницата, но не сме обврзани да ажурираме информации.

Член 4 – Измени на услугата и цените

Цените на нашите производи подлежат на промени без претходно известување. Го задржуваме правото да ги изменеме или да го прекинеме пружањето на Услугите без претходно известување. Нема да бидеме одговорни кон вас или трета страна за промена на цените, суспензија или прекин на Услугата.

Член 5 – Дигитални курсеви и образовна содржина

Riskure Academy нуди дигитални образовни курсеви, материјали и ресурси достапни исклучиво преку интернет, посветени на МСФИ стандардите, ACCA испитите и едукација во област на осигурување. Периодот на пристап до секој курс е наведен на страницата за купување на тој курс и може да варира од курс до курс.

Со купување на курсот добивате пристап до содржината достапна во моментот на купувањето, како и евентуални идни ажурирања во рамките на истиот курс, по находување на Riskure Academy. Курсот смеете да го користите исклучиво за лични, некомерцијални образовни цели. Забрането е споделување на пристапот до курсот со трети лица.

Член 6 – Политка за плаќање и поврат на средства

Сите куповини се предмет на политика за плаќање и поврат на средства која можете да ја прочитате на следниот линк: Политка за плаќање и поврат на средства

Член 7 – Точност на сметката и податоците за наплата

Се согласувате дека ќе обезбедите точни, целосни и ажурирани информации за купувањето и корисничката сметка за сите купувања на страницата, како и дека ќе ги ажурирате тие информации по потреба.

Член 8 – Врски и содржини на трети страни

Врски на оваа страница може да ве упатат на веб-страници на трети страни кои не се во наша сопственост. Не сме одговорни за содржината, точноста или политиките за приватност на тие страници. Препорачуваме внимателно да ги прочитате условите на трети страни пред интеракција со нив.

Член 9 – Интелектуална сопственост и авторски права

Целата содржина достапна преку Riskure Academy – вклучувајќи ги видео курсевите, пишаните материјали, презентациите, графиконите и другите образовни ресурси – е заштитена со авторски права и е исклучива интелектуална сопственост на друштвото DOLIZA (Riskure Academy).

Забрането е репродуцирање, дистрибуирање, продавање, јавно прикажување, снимање или создавање изведени дела врз основа на оваа содржина без претходна писмена дозвола на Riskure Academy. Неовластеното користење на содржината може да резултира со правни мерки.

Член 10 – Лични податоци

Обезбедувањето на лични податоци преку нашата страница е уредено со нашата Политика за приватност, достапна на: riskureacademy.com, и е составен дел на овие Услови за користење.

Член 11 – Грешки, неточности и пропусти

Повремено на страницата може да се појавуваат типографски грешки, неточности или пропусти поврзани со описи, цени или достапност на курсевите. Го задржуваме правото да ги поправиме грешките и да ги ажурираме информациите без претходно известување.

Член 12 – Забранети употреби

Покрај другите забрани наведени во овие Услови, ви е забрането да:

  • ги користите Услугите за незаконски цели или на начин кој ги крши правата на трети лица;
  • копирате, репродуцирате, дистрибуирате или продавате содржина на курсеви без писмена дозвола;
  • го споделувате пристапот до курсот со лица кои не платиле за тој курс;
  • снимате или преземате видео курсеви или материјали без писмена дозвола;
  • пренесувате вируси, малвер или штетен код преку нашата платформа;
  • се обидувате да ги заобиколите безбедносните мерки на платформата или да пристапите без овластување до туѓи сметки;
  • користите автоматски алатки (ботови, скрепери) за собирање податоци од нашата платформа.


Го задржуваме правото да го прекинеме вашиот пристап до Услугата во случај на прекршување на овие правила.

Член 13 – Одрекување од гаранции; ограничување на одговорноста

Не гарантираме дека вашето користење на нашата Услуга ќе биде непрекинато, навремено, безбедно или без грешки. Услугата се обезбедува „онаква каква е" и „онака како е достапна", без никакви изрични или имплицирани гаранции.

Друштвото ДОЛИЗА дооел Скопје (Riskure Academy), неговите директори, вработени, соработници и партнери, во никој случај нема да бидат одговорни за каква и да е директна, индиректна, случајна, казнена или посебна штета настаната од користењето на нашите Услуги.

Член 14 – Обештетување

Се согласувате дека ќе го браните, обештетувате и чувате од штета друштвото ДОЛИЗА дооел Скопје (Riskure Academy) и неговите директори, вработени, соработници и партнери, од какво и да е побарување или барање, вклучувајќи разумни адвокатски трошоци, кои произлегуваат од вашето прекршување на овие Услови или закони.

Член 15 – Делливост на одредбите

Доколку се утврди дека некоја одредба на овие Услови е незаконска, ништовна или неизвршива, таа одредба ќе се примени во најголема мера дозволена со закон, а останатите одредби остануваат на полна сила.

Член 16– Раскинување

Овие Услови за користење може да ги раскинете во секое време со известување дека повеќе не сакате да ги користите нашите услуги. Го задржуваме правото да го раскинеме овој договор во секое време без претходно известување во случај на прекршување на овие Услови.

Член 17 – Меродавно право

Овие Услови за користење се толкуваат и применуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија.

Член 18 – Измени на Условите за користење

Го задржуваме правото во секое време да ги ажурираме или изменеме овие Услови. Вашето понатамошно користење на страницата или Услугата по објавувањето на измените подразбира прифаќање на тие измени.

Член 19 – Контакт информации

За прашања во врска со овие Услови за користење, контактирајте не на:

Е-пошта: [email protected]

Веб-страница: riskureacademy.com

Адреса: Ленинова 58, Скопје, Република Северна Македонија